Муслиманското братство повикува на протести во Египет
Објавено на 5 јули, 2013 во 11:23
Египетското муслиманско братство реагира против соборувањето на нивниот лидер, претседателот Мохамед Морси.
Тие закажаа протести за денес и најавија дека ќе го бојкотираат дијалогот на кој повика привремениот претседател Мансур.
Армијата изјави дека нема да ги спречува протестите се додека се мирни. Порпаролот на војската, Ахмед Мохамед Али, тврди дека египетската војска е политички неутрална.
Морси е сеуште на домашен притвор на непозната локација.
Л.С.
