Повик за востание во Египет!

Објавено на 8 јули, 2013 во 08:08

Откако армијата пукаше врз приврзаниците на поранешниот претседател Мохамед Морси, муслиманското братство повика на востание во Египет.

Ваквиот повик уследи по убиството на најмалку 34 луѓе. Во инцидентот загинал и еден армиски офицер додека над 40 војници се повредени.

 

Партијатата за слобода и правда која е политичко крило на Муслиманското братство, со писмена изјава го повика „народот на Египет на востание против оние кои се обидуваат да му ја одземат револуцијата со помош на тенкови“.

Од  меѓународната заедница и од сите слободни луѓе во светот се бара  да интервенираат за да се спречат нови убиства и појава на уште една Сирија во арапскиот свет.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.