Престрелка на границата Србија-Косово!
Објавено на 8 јули, 2013 во 08:34
Шест косовски Албанци се ранети при престрелките со српската полиција во близината на границата меѓу Србија и Косово.
Судирот се случил во атарот на село Боровец во општина Куршумлија кога група вооружени Албанци ја минале границата за да сечат дрва.
Српската полиција потврди дека шест лица од Косово се ранети и дека нема повредени во редовите на српската полиција. Врз полицијата бил отворен оган од автоматско оружје синоќа околу 19 часот, при што било, соодветно одговорено. Потоа на теренот бил пронајден трактор натоварен со дрва, пили и други средства за сечење дрва.
Местото на престрелката потоа било обезбедено, а Србија за инцидентот ги информирала КФОР и ЕУЛЕКС.
