Борис Џонсон свикал итен состанок заради новиот вид на коронавирус, што се појави во Британија
Објавено на 19 декември, 2020 во 11:11
19.12.2020
Британскиот премиер, Борис Џонсон, ги повика владините министри денеска да разговараат за новиот вид на коронавирус, за кој, самиот смета, се верува дека е многу позаразен од видот што беше присутен досега, пренесе весникот „Телеграф”.
Британската Влада најверојатно денеска ќе ја објави одлуката за засилување на ограничувачките мерки, што ќе вклучуваат и забрана за патување внатре во земјата, особено во југо-истокот на Англија и Лондон.
Портпаролот на Џонсон не беше достапен за коментар.
Британската Влада во понеделникот соопшти дека зголемувањето на бројот на заразени веројатно е поврзано со новиот вид коронавирус, што го подигна нивото на рестриктивни мерки на највисоко ниво.
Мите Јаначков