Во Кина скоро два месеца нема заразени со коронавирус

Објавено: 8 февруари, 2021, во 10:08 часот

Kina fin

08.02.2021

Во Кина остануваат да важат мерките за заштита од коронавирусот, иако скоро до 16 декември во Кина нема забележано ниту еден случај на локална трансмисија на Ковид-19, објави Националната комисија за здравство.

Комисијата соопшти дека се регистрирани 14 инфицирани лица во изминатите 12 дена, но оти сите се увезени од странство. Од кои седум се во Шангај, а другите во југоисточната провинција Гуангдонг.

Првпат во речиси два месеца во Кина нема локална трансмисија на вирусот, што сугерира дека воведените мерки за запирање на Ковид-19 во провинцијата Хебеи и во североисточните провинции Хеилонгчианг и Јилин даваат резултати.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.