Поради преголемиот студ милиони луѓе во Тексас останале без струја и вода
18.02.2021
Официјалните лица во американската држава Тексас предупредија на „катастрофа во катастрофа“, по незапамтено студениот бран коиј остави милиони луѓе без греење и без вода, и препорачаа граѓаните да се подготват на можност струја да нема и за време на викендот.
На жителите во повеќе од сто региони во Tексас им е кажано да ја превриваат водата, бидејќи електраните и натаму се соочуваат со неможност за активирање на своите системи, јави Ројтерс.
Околу 12 милиони жители на Тексас, од втората најнаселена американска држава со 29 милиони жители нема вода за пиење или повремено им доаѓа вода, па снемува.
Струја нема за околу 2,7 милиони домаѓинства, а метеоролошките служби прогнозираат дека ледените температури ќе се оддржат викендот, што ќе го отежне снабдувањето со електрична енергија, бидејќи Тексас изгуби во текот на овој бран околу четириест отсто од капацитетот за производство на струја.
Болниците во Хјустон, главниот град на Тексас, соопштија дека немаат вода, а веруваат дека неколку десетина смртни случаи се резултат на студениот бран.
Претставниците на локалните власти стравуваат дека бројот на мртви може да е значително поголем.