Експлозија во центар за тестирање на ковид-19 во Холандија, нема повредени
Објавено на 3 март, 2021 во 09:10
03.03.2021
Пред отворањето на центарот за тестирање на ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, утрово одекна експлозија, но во несреќата нема повредени. Холандските медиуми јавуваат дека експлозивот бил ставен во метална цевка надвор од објектот.
Во експлозијата се искршени пет прозорци во центарот. На самото место во тоа време имало чувар, но тој не е повреден.
Полицијата ја опколи областа и спроведува истрага. Засега се претпоставува дека цел на нападот бил центарот за тестирање.