Против високите сметки за струја, протестираа жители на Приштина!
Поради тоа што сметаат дека добивале високи сметки за струја, неколку стотици жители на Приштина вчера протестираа пред зградата на Енергетската корпорација, Косово (КЕК).
Демонстрантите биле револтирани на надлежните на КЕК и министерството за економски развој затоа што не ги сториле ништо за грешките во јануарските сметки за електрична енергија.
Упатиле барања да запрат исклучувањата на струјата во домовите поради неплатените сметки. Побарале за „фалсификат сметките“ да се формира парламентарна комисија која ќе го разгледа случајот.
Од КЕК одговориле дека никој потрошувач нема да плати повеќе, отколку што потрошил во текот на месецот.
Според портпаролот Виктор Бужаљ до сега биле разгледани 2.600 од вкупно 3.300 жалби и дека во 900 случаи имало грешки од двете страни./Б.Н.Т