Резултатите се полоши, седум пати повеќе афлатоксин во српското млеко!

Објавено: 25 февруари, 2013, во 21:31 часот

„Резултатите на најновите анализи на млекото кои ги направи владата на Војводина покажаа седум пати повисоко ниво на афлатоксин во споредба со првите анализи,“  рече Горан Јешиќ, потпретседателот на владата на Војводина и секретар за земјоделство.

Тој додаде дека би било лицемерно да ги премолчи информациите кога не им дава млекото да го пијат неговите деца.

Според Јешиќ, ставањето под тепих на проблемите би можело да ја искомпликува ситуацијата и целата индустрија да доживее крах.

Додаде дека најновите резултати се „полоши од претходните“ а ќе бидат официјално објавени за три до четири дена кога ќе ги потврди акредитираната лабораторија.

Ниту една акредитирана лабораторија во Србија не сакала да направи супервизија на резултатите па примероци од млекото биле испратени во Германија.

„Испративме млеко на анализа во две акредитирани германски лаборатории и првите резултати покажаа дека процентот на афлатоксин е повисок и до седум пати од првите резултати,“ рече Јешик.

Извор : 24 Часа.рс

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.