Илјадници Бугари протестираат против сиромаштијата!

Објавено: 24 февруари, 2013, во 16:00 часот

Со транспаренти на кои пишувало “Единствено против грабежот“, “Стоп за мафијата“ и скандирајќи „Мафија”, „Партии, заминувајте”, „Нѐ има многу, силни сме”, повеќе од десет илјади демонстранти, , минале во поворка низ главниот град Софија.

Претседателот Росе Плевнелиев, кој се појави  пред демонстрантите, беше дочекан со свирежи додека им се заблагодаруваше на „активниот цивилен став”.

Плевнелиев ги повика претставниците на демонстрантите, синдикатите и работодавачите на „расправа за важните проблеми кој стојат пред земјата” веќе следната седница, кои би се одржале во кабинетот на претседателот на државата.

По оставката на премиерот која беше прифатена, Претседателот Плевнелиев сега мора да формира експертски технички владин кабинет кој ќе биде задолжен за организација и спроведување на предвремените парламентарни избори пролетва./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.