Уапсени 54 лица на првиот ден на „Егзит“ поради поседување на дрога, 31 од нив биле странци
Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека на првиот ден на фестивалот „Егзит“ биле уапсени 54 лица, поради поседување на дрога. Од уапсените, 31 лице било странски државјанин.
МВР на Србија изјави дека припадниците на полицијата, ќе продолжат со нивните апсења на сите кои го прекршуваат законот на фестивалот. Ќе бидат апсени и тие што продаваат, но и тие што конзумираат било каква дрога.
-Полицајците ќе го уапсат секој што ќе поседува дрога за време на фестивалот „Егзит“, без разлика дали е дилер или само конзумира дрога, тие според законот ќе бидат казнети“ изјави Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин.
На првата вечер на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, на тврдината Петроварадин престојуваа околу 42.000 посетители од 70 земји, соопштија организаторите. За влез на „Егзит“, потребен е зелен дигитален сертификат, а невакцинираните мора да имаат негативен ПЦР или антигенски тест. За посетителите организаторите обезбедија бесплатно антигенско тестирање.