УХРМ: Сончево и топло со максимални 33 степени

Објавено на 12 септември, 2023 во 09:08

Во Македонија утрово ќе биде свежо додека во текот на денот времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15 степени, додека максималната ќе достигне 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб јужен ветер и максимална температура до 33 степени.

До четврток ќе се задржи стабилно време. Од петок во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.