Вечерва на ИФАД „Стоби“ претставата „Протеј, дел од сеќавања кој недостасува“ во продукција на Театарот Ам Ленд, од Грац, Австрија
Во Теодосијанската палата, во Археолошки локалитет „Стоби“ вечерва, со почеток во 21 часот ќе биде изведена претствата „Протеј, дел од сеќавања кој недостасува“ во продукција на Театарот Ам Ленд, од Грац Австрија.
Протеј на Кристијан Винклер поаѓа од познатата, зачувана фабула на Есхиловата сатирска игра во која дејството се случува на пуст остров како паралелно дејство додека Грците ја освојуваат Троја. Ликови се морското божество Протеј и фантомот на Елена од Троја.
Претставата е во конкуренција за една од наградите на фестивалот, Гран при за најдобра претстава, за најдобра режија и машка и женска улога.
Билетите се пуштени во продажба на билетарата на велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ по цена од 200 денари. Годинава нема организиран превоз до Археолошки локалитет „Стоби“.
Убавка Јаневска