Водици неработен ден за граѓаните на православната вероисповед
Објавено на 16 јануари, 2023 во 13:12
Богојавление „Водици“ е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Македонија, соопштија од Министерство за труд и социјална политика.
– Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2023 година (четврток), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија, пишува во соопштението на МТСП.
Истовремено, Министерство за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление „Водици“ на граѓаните од православната вероисповед.
Дума.мк