Временска прогноза: Деновиве, нестабилно со пороен дожд и грмежи!

Објавено на 27 мај, 2025 во 08:34

Во западните предели на Македонија, денеска, вторник, 27 мај и во четврток, 29 мај, на повеќе места во попладневните часови ќе има развој на конвективни грмотевични облаци со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

„Во делови од Скопскиот регион, особено во четврток, во попладневните часови, ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите, денеска, ќе се искачуваат во интервал од 19 до 26 степени додека во четврток ќе имаме малку пониски максимални, дневни температури, од 17 до 23 степени. Денеска во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 26 степени а до околу 20 степени во четврток..

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/, додава Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.