Временска прогноза: Променливо облачно, попладне локален пороен дожд и грмотевици
Во Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови од земјата.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени, а максималната ќе достигне 31 степен.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
До недела претпладне ќе се задржи сончево и топло време за овој дел од годината со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно јужен ветер.
Утре попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во недела ќе настапи поголема промена кога под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец.
Дума.мк