Временска прогноза: Сончево со мала до умерена облачност и ветровито

Објавено на 11 август, 2023 во 08:26

Во Македонија времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18 степени Целсиусови, а максималната од 21 до 31 степени Целсиусови.

Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

УХМР најавува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Ќе дува умерен наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.