Временска прогноза: Утро со магла, попладне дожд
Објавено на 15 ноември, 2022 во 09:01

Во Македонија денес претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност по котлините. Попладне променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи во интервал од -3 до 6 степени, а дневната од 12 до 17 степени
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Температурата ќе се движи во интервал од 3 до 14 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
