Заев: Бугарскиот народ сака да биде пријател со македонскиот народ, знаат дека тоа е добро и за нив

Објавено на 24 септември, 2021 во 09:52

Не може политиката да се меша или да ја смени историјата. Историјата е таа и насекаде е околу нас, вели премиерот Зоран Заев во емисијата „24 анализа“, зборувајќи за остранување на терминот „бугарски“ пред „фашистички окупатор“ во учебниците во историја.

Според него, во 21-век, не треба да се гледа на работите преку именување на нацизмот со етничка боја. Јас сум убеден дека проевропските манири и решенија ќе преовладаат и ќе градиме пријателство без да се чепкаат болните работи за народите од двете страни, рече Заев

-Сепак и бугарската страна треба да внимава со своите потези да не предизвикува негативни чувства кај македонскиот народ. Бугарскиот народ сака да биде пријател со македонскиот народ. Знаат дека тоа е добро и за Бугарија. Јас сум убеден дека проевропските манири и решенија ќе преовладаат и ќе градиме пријателство без да се чепкаат болните работи за народите од двете страни,рече Заев.

Тој додаде дека учебниците и спомениците доминантно зборуваат за фашистички окупатор и кај нас и во европските држави. Во духот на европските манири и пријателство се избегнува етничката или националната обоеност на фашизмот.

-Не може политиката ниту да се меша, ниту да ја смени историјата. Историјата е таа, насекаде околу нас е запишана. Треба да се потсетуваме на фашизмот и да се надеваме дека никогаш нема да се повтори. Тоа е зло што треба да се спречува, но нечесно е да се оквалификува една цела нација како фашистичка,кажа премиерот .

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.