Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат до крајот на декември

Објавено на 15 ноември, 2023 во 12:07

Владата, на предлог на Министерството за економија, на вчерашната седница донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во вкупен износ до 10% и во вкупен износ до 15% во трговијата на мало.

Согласно владината одлука, вака утврдената највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, наместо до 30-ти ноември, ќе се применува до 31-ви декември 2023 година, соопшти владината прес-служба.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.