Започна зимата, со ладно утро и минусни температури во повеќе градови и населени места
Објавено: 1 декември, 2025, во 08:31 часот
„Со самиот почеток на месец декември почнува и климатолошката зима. Денес, понеделник, 1 декември во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко без некој изразен ветер. По котлините особено претпладнето и повторно во ноќните часови ќе се создаваат услови за појава на магла или на ниска облачност.
И во Скопје и околината времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко и без ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на магла или на ниска облачност.
Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени.
Исто така првото зимско утро беше ладно со ниски температури на воздухот кои во повеќе градови се спуштија под нулата.
На табелата можете да ги видите денешните минимални температури измерени утринава до 7 часот по градови и места во Македонија на мерните станици на УХМР,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк


