Сточарите да се подготват за зимата!
Секој сопственик на стока, живина, пчелни семејства и рибници веднаш да си обезбеди сточна и друга храна за период од најмалку три месеци.
Да изврши проверка и поправка на објектите во кои е сместена стоката или живината за да не дојде до нивно уривање при повисоки снежни наноси и повреда или уништување на стоката.
Исто така сточарите се должни при поголеми снежни наноси редовно да ги расчистуваат пристапните патишта до објектите, појалиштата за вода. Кога не се во можност со сопствени сили да ги отстранат последиците од невремето потребно е да побараат помош од Регионалниот центар за управување со кризи на бесплатниот телефонски број 195 кој им е достапен 24 часа и за време на работни и неработни денови. Вакви препораки до земјоделците упатуваат од подрчаната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Кавадарци, во пресрет на зимскиот период кога ќе има и поголеми врнежи од снег.
Исто така се апелира до сите сточари кои се отсечени од главните патишта пред се во ридско-планинските предели да се обезбедат со продукти за исхрана за подолго време во текот на годината.
