Заштитни мрежи за поголеми приноси во земјоделството!

Објавено на 13 декември, 2012 во 18:36

ФФМ пред земјоделците во Тиквешијата презентираше производи на турска фирма.

Потпорните системи и заштитни мрежи во овоштарството и лозарството денеска презентираше турската компанија Туана Метал пред земјоделците во Неготино.   Презентацијата ја организираше  Федерацијата на фармери на РМ.

Турската компанија секоја година организира саеми за земјоделци во Турција, во Истанбул и Бурса со цел за поголема заедничка соработка меѓу двата народа, македонскиот и турскиот. Денешната презентација беше наменета за македонските земјоделци, тие да можат да видат кои се придонесите на користењето на заштитните мрежи,рекоа од Федерацијата.

Според земјоделците со климатските промени и глобалното затоплување најголеми штети имаат кај грозјето.

„Сакаме да произведуваме квалитетни производи. Кај нас оваа мерка е многу малку применета а еве видовме дека е доста корисна. Искуството покажува дека поставувањето на заштитни мрежи е многу значајно,посебно во услови на град,но и кога има високи температури.Бидејќи инвестицијата е скапа за наши услови мал дел од земјоделците ги имаат поставено овие мрежи но ако подобро се размисли ќе се види дека сепак тие се од огромна важност за квалитет и квантитет на производот,“ рече Васка Мојсовска, земјоделец.

Од турската компанија Туана Метал рекоа дека за нив е многу значаен интересот на земјоделците.

„Системот кој го нудиме не само во градинарството туку доста е прифатен и во овоштарството. Земјоделците ќе имаат поголеми резултати, затоа што заштитните мрежи се употребуваат за различни временски неприлики како што се заштита од град, од птици па и животни,“ рекоа од компанијата.

Туана Метал исто така изработува електрични овчари за пчеларниците.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.