Земјоделските култури безбедни од мразот и поларните температури!
Поларниот бран што ја зафати земјава во последниве три дена со минимални температури до -18 степени засега нема направено никакви штети кај есенските посеви поради присуството на снежната покривка која ја имаше скоро на целата територија со различна дебелина.
Проф. Д-р Ристо Вучков состојбата со земјоделските култури ја оценува за стабилна. Првите мразеви се во границите на очекуваното за зимски услови и услови за презимување.
Овие негативни температури кои во тиквешијата се спуштија до -16 степени засега нема да имаат последици врз овошките и виновата лоза. Д-р Вучков нагласува дека многу важна е експозицијата на ниските температури т.е колку долго овошките биле изложени на негативни температури. За да настане оштетување, вели тој, потребно е негативната температура да се задржи континуирано 48 часа особено штетите би се појавиле на недоволно созреани папки. Експозицијата е важна и за виновата лоза, но бидејќи стеблото на лозата е пониско за разлика од овошките,негативните температурите се задржуваат подолго можно е да настане оштетување, но сеуште е рано да се говори за било какви штети.
Д-р Вучков упатува апел до овоштарите и лозарите да не брзаат со кроење за да не дојде до оштетување на овошките и виновата лоза. “Ако резидбата се изврши уште сега земјоделците ќебидат доведени до свршен чин да неможат да избираат што ќе остават при резидбата. Нема потреба посебно да брзаат индивидуалните лозари и овоштари“ додава Вучков.
Снегот е одлична заштита за посевите од минимални температури, ја оджува температурата во почвата на 5 сантиметри од околу 1 степен што е сосема доволно да нема оштетувања на јазолот на братење кој се наоѓа баш во тој дел од почвениот слој, рекоа од Управата за хидрометеоролошки работи.
