Зголемен интензитет на сообраќај на патиштата, нема колони на граничните премини

Објавено на 14 април, 2023 во 11:18

Патниот правец од с. Виничани до Градско во деновите од продолжениот празничен викенд (14, 15, 16, и 17 април) нема да биде затворен, но патниот правец е во изградба и брзината на движење е прилагодена на 40километри на час, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.