ЖРСМ Инфраструктура се вклучува од логистички аспект во решавање на енергетската криза
Железници Инфраструктура се вклучува од логистички аспект во решевање на енергетската криза и презема активности да се стават во функција капацитетите за транспорт на јаглен и мазут, изјави денеска за МИА Хари Локвенец, директор на ЈП ЖРСМ Инфраструктура.
Како што информира Локвенец, ЖРСМ Инфраструктура во соработка со ТЕЦ Неготино е во финална фаза за целосната реконструкција на колосекот до термоцентралата, со што ќе овозможи непречен и безбеден транспорт на сите потребни количини мазут во следниот период. Активностите за таа цел се споредуваат во изминатите две недели.
-Самоиницијативно, ЖРСМ Инфаструктура како општетвено одговорна компанија пристапија кон подготовка на железничката станица „Никола Карев“ во близина на Битола, која моментно не е во употреба, а претставува најблиската точка за логистичка поддршка на железнички транспорт на јагленот до РЕК Битола, најави Локвенец.
Оваа реконструкција, информира, ќе биде завршена во текот на неделава. Станицата не е во употреба поради малата фрекфенција, а ја подговтвуваме за да биде најдобрата логистичка поддршка за транспорт на јаглен. На ваков начин, укажа Локвенец, со камионски транспорт јагленот би се транспортирал само 10-ина километри.
-Реконструкцијата е во насока на задоволување на сите еколошки стандарди, со оглед дека претоварот може да биде и еколошка закана, дополни Локвенец, истакнувајќи дека со постојната инфаструктура можат да одговориме на сите потреби за транспорт на јаглен.