Цртеж на Да Винчи понуден на аукција, се очекува да достигне рекордна цена (ВИДЕО)
Мал цртеж од глава на мечка од Леонардо да Винчи ќе биде понуден на аукција во Лондон денес, и се очекува да биде продаден за 12 милиони фунти (16,7 милиони долари).
Цртежот со димензии 7х7 см, на кој има глава на мечка, е стар повеќе од 500 години.
Продажбата може да ја надмине претходната рекордна продажба што се случи во 2001 година, кога цртежот на Да Винчи „Коњ и јавач“ се продаде за повеќе од 11 милиони долари.
Според аукциската куќа „Кристис“, која е задолжена за продажбата, овој цртеж е меѓу само уште неколку цртежи на италијанскиот ренесансен мајстор, кои сè уште се во приватна сопственост.
Цртежот е нацртан со употреба на техника сребрен молив на розово-беж хартија и е еден од низата цртежи на животни од мал обем на уметникот, датиран од раните 1480-ти.
Летиција Мејсон, експерт за стари цртежи, ја опиша техниката на сребрен молив како „многу тешка техника, бидејќи всушност не признава никакви грешки“.
Мејсон рече дека Леонардо бил фасциниран од природата и животните воопшто.
Скицата претходно му припаѓаше на британскиот сликар и колекционер Томас Лоренс, пред да биде продадена на аукциската куќа „Кристи“ во 1860 година за 2,50 фунти. Сепак, овојпат „Кристис“ предвидува дека ќе се продава за помеѓу 8,0 и 12 милиони фунти.
Леонардо да Винчи, роден во 1452 година и починал во 1519 година, е познат по својата уметност и пронајдоци.
Во 2017 година, 500-годишна слика на Исус Христос, за која се верува дека ја насликал Да Винчи, беше продадена во Њујорк за рекордни 450 милиони долари (341 милиони фунти), што е највисока цена на аукцијата за уметничко дело.