Фармерки „Левис“ стари 140 години продадени за неверојатни 87.400 долари (фото)

Објавено на 19 октомври, 2022 во 10:32

Најскапите фармерки „Левис“ се продадени и тоа за неверојатни 87.400 долари. Но, ова не се сосема обични фармерки, туку еден од најстарите модели направени и сочувани до денес.

Фармерките беа изложени на аукција во Ново Мексико, а ги купи колекционерот Кајл Хауперт од Сан Диего заедно со Зип Стивенсон, кој е сопственик на компанијата „Деним докторс“.

„Не планиравме да ги купиме заедно сѐ додека не започна аукцијата“, објаснил Стивенсон.

Се проценува дека ова се најскапите фармерки „Левис“ на сите времиња.

А еве зошто.

„Овие фармерки се неверојатно ретки, особено во оваа добра состојба и големина“, објаснува Стивенсон, кој три децении води компанија за продажба и поправка на фармерки во Лос Анџелес.

Тој вели и дека за фармерките првпат слушнал пред околу пет години кога биле пронајдени во напуштен рудник. Ги пронашол Мајкл Харис кој пребарувал околу пет стари рудници во текот на пет години. Фармерките се направени и носени во времето на Златната треска во Калифорнија каде што првично и биле создадени.

Се проценува дека овие фармерки „Левис“ се од 1880 година и како такви се едни од најстарите сочувани. Сите други од тој период се во музеи или во полоша состојба.

Интересно е што и денес овие фармерки можат да се носат.

„Можам да ги замислам Џони Деп или Џејсон Момоа како ги носат“, рекол Стивенсон.

Новите сопственици на фармерките планираат да ги продадат доколку се појави купувач кој би ги изложил во музеј. Дотогаш тие се во сефот и можат лично да се видат доколку се закаже посета.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.