Шакира се породи ?!
Објавено: 28 декември, 2012, во 12:40 часот
Колумбиската пејачка Шакира вчера на свет го донесе своето прво дете. Нејзиниот дечко Жерард Пике објави на Твитер дека станал татко и дека е премногу среќен поради новороденчето.
„Се роди нашиот син. Многу сме среќни! Ви благодариме на сите на пораките“, напиша Пике на Твитер.
Сеуште не е познато како ќе се вика бебето, но според гласините славниот пар најверојатно се одлучиле за името Бил.
Радосната вест сеуште официјално не ја потврдиле ни пејачката ни фудбалерот, а некои медиуми велат дека тоа е само шпекулација.
