Правила за облекување на доделувањето на Греми наградите: Забрането откривање на гради, задници и гениталии!
Доделувањето на Греми наградите е познато по возбудливите настапи и провокативните аутфити на светските ѕвезди, но овој пат ѕвездите ќе мораат да бидат пристојно облечени. По новото правило, откривањето на задниците, градите и гениталиите е строго забрането!
Сите изведувачи кои ќе настапат на доделувањето на Греми наградите добија писмена опомена за облеката која тие ќе ја ностат на доделувањето.
Во пораката се наведува „ Женските гради и задници мораат да бидат адекватно покриени“. Пејачките се исто така предупредени дека костимите со танга гаќи се проблематични и гениталиите и кожата околу нив не смеат да се види.
Славините личности треба да избегнуваат облека од која можат да се видат градите, или длабоки деколтеа. Исто така забрането е на настапите да се носат беџови и брошови.
Во препораките не се наведува дали ѕвездите кои нема да ги почитуваат овие правила ќе настапат.