Сестрите на Ким Кардашиан ѕвезди на модна ревија!
Објавено на 8 февруари, 2013 во 14:16
Крис Џенер, мајката на познатите сестри Кардашиан, заедно со своите две најмлади ќерки Кендал и Кајли привлекоа најмногу внимание на модната ревија пред два дена во Њујорк.
Крис и нејзините ќерки беа специјални гости на модната ревија „The Heart Truth’s Red Dress Collection“.
Сите дами кои учествуваа вечерта на модната ревија носеа црвени фустани, а ги предводеше Крис Џенер.
Кендал и Кајли имаат своја модна линија и за разлика од своите постари сестри немаат проблем со вишокот килограми, затоа многу модни куќи ги ангажираат да бидат нивни заштитни лица.