ВИДЕО: Задникот во новата реклама за долна облека е на Бекам или не?
Како заштитно лице на модниот бренд „H&M“, Дејвид Бекам сними уште една реклама во која позира во долна облека. Но, фановите се сомневаат дека славниот фудбалер овој пат користел двојник за снимање на задникот.
Кога автомобилот му ја закачува бањарката, а вратата од куќата се заклучува, Бекам останува на улица само во боксерки и атлетска маица. Он одлучува да трча по автомобилот, а во меѓувремено останува и без маица.
Во рекламата која ја режира Гај Ричи, сопругот на Викторија Бекам прескокнува ѕидови, шутира топка, плива, притоа облечен во долна облека од брендот „H&M“, кој е претставен како премногу удобен и отпорен.
И додека жените ширум светот воздивнуваат за стомачните на Бекам, скептиците размислуваат за можноста дека споменатите сцени ги снимил двојник. Сомневањата се поттикнати од фотографиите од снимањето, прикажани овде, каде во позадина се гледа момче без маица, со изглед како на славниот фудбалер.
Сомнителен е, исто така и еден од кадрите во кои е прикажан грбот на фудбалерот, затоа што на рацете на сомнителното момче ги нема тетоважите кои Бекам ги има. Но, во наредниот кадар тетоважите мистериозно се појавуваат.
Популарниот спортист сепак тврди дека тој самиот ја снимил рекламата.
„Беше забавно да се глуми акционен херој на еден ден. Уживав во изведувањето на неочекуваните ситуации“, вели Бекам.
Познатиот фудбалер пред година дена создаде сопствена линија за долна облека од брендот „H&M“.
Видео: Погледнете ја рекламата и проценете сами:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=il21FZu-IUY{/youtube}