Восочна Витни Хустон!
Музејот Мадам ТИсо пред годишнината од смртта на легендарната пејачка постави четири восочни фигури.
Денес, 11февруари, помина една година од трагичната смрт на славната американска пејачка и светска легенда Витни Хјустон, која почина во Лос Анџелес во 48 година од својот живот, по 30 години успешна музичка кариера. Минатогодишното издание на Греми наградите беше посветено на Витни, а оваа година, пред годишнината од нејзината смрт, во соработка со семејството на пејачката, познатиот музеј Мадам Тисо минатата недела постави четири нејзини восочни фигури.
Како што стои во соопштението од музејот, ова е прв пат во 200 годишната историја на светски познатиот ланец на музеи , од една личност да се прикажат во еден ден четири верзии, но од музејот сметаат дека тоа е единствен начин да се прикажат најважните моменти на трансформација од кариерата на пејачката.
Сестрата и поранешна менаџерка на пејачката Пат Хјустон изјавила дека семејството со радост учествувало во изградбата на овие восочни фигури и дека сето тоа го правеле за нејзините фанови.