„Суперхикс“ ќе настапи на „Белград колинг“
Скопската инструментална банда „Суперхикс“ и новосадските панк-рокери од „Атеист рап“ на 27 мај ќе го отворат фестивалот „Белград колинг“, кој ќе се одржи на Калемегдан во српската метропола.
Познатите регионални состави ќе свират пред премиерниот настап во овој дел од светот на популарниот бенд „Грин деј“. Култните американски музичари доаѓаат во Белград по рамките на промотивната турнеја за нивниот троен албум ¡Уно!, ¡Дос!, ¡Трé!.
Забавата ке ја збогати и хрватската група „Хладно пиво“.
„Суперхикс“ свири во Белград по речиси четири години од последната регионална серија на концерти, на која го промовира албумот „И сега што?“ Бендот на крајот од минатата година го издаде албумот „Африка“ и во „Метрополис арена“ одржа голем концерт на кој го промовира изданието и воедно прослави 18 години постоење.