Калиопи го започна одбројувањето, новиот албум на крајот на месецот!

Објавено на 21 февруари, 2013 во 22:43

Поп дивата Калиопи на својата официјална фан страна на Фејсбук го започна одбројувањето за објавувањето на нејзиниот нов студиски албум „Мелем“. Уште седум дена од денес, односно на крајот на овој месец сите нејзини фанови ќе имаат можност да ги преслушаат новите песни на најголемата македонска поп дива.

Покрај одбројувањето, на својата фан страна на Фејсбук, Калиопи ги објавува и текстовите на новите песни, до сега фановите имаа можност да ги погледнат текстовите на новите „Мелем“, „Опрости“ и „Мрвица“.

Додека го чекаме крајот на месецот, уживајте во носечката композиција на истоимениот албум на Калиопи:

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=XiWj0PSA8Nc{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.