Џеси Џеј ја избричи главата за хуманитарни цели!
Објавено на 17 март, 2013 во 00:39
Англиската популарна пејачка Џеси Џеј ја избричи својата глава во живо на телевизија.
Таа овој гест го направи како поддржувач на кампањата „Red Nose Day“, во која се вклучени голем број на познати личности од САД. Собраните парични средства од кампањата ќе бидат наменети за повеќе хуманитарни организации, пред се за оние кои се борат против трговијата со луѓе и семејно насилство, оние на кои им помагаат на лицата заболени од СИДА, а најмногу на жителите на Африка како најзагрозени во овие категории. /В.Р
Еве го видеото:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=18-vA1yXIc0{/youtube}