Ева Мендес: Ми здодеа да бидам секс симбол

Објавено на 18 март, 2013 во 17:07

Една од најубавите жени во светот актерката Ева Мендес се пожали дека и здодеaло да ја гледаат како секс симбол.

Taa тврди дека ниту најмалку не е оптоварена со својот изглед и наведува примери на аудиции на кои одела целосно растоварена и без дотерување, јави The Sun.

– Убавината може да биде здодевна, особено ако имате партнер кој цело време е оптоварен со својот изглед. Знам многу такви актери, но јас мислам дека вистинските мажи и не се грижат премногу за тоа, рече Ева.

Таа додава дека добриот изглед е само една од работите што може добро да се искористат, но дека тоа не е единствено што некој треба да го има.

– Знам дека луѓето ме препознаваат и по мојата духовитост на пример, но и емотивност, а ми здодеа да ме набљудуваат преку тоа како јас изгледам, заклучи Мендес.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.