Хали Бери е бремена!
Објавено на 9 април, 2013 во 09:09
Актерката Хали Бери (46) е во третиот месец од бременоста, потврди нејзиниот менаџер. Ова ќе и биде второ дете, но прво со свршеникот Оливер Мартинез, поранешното момче на Kајли Миног.
Петгодишната Нала Ариела ја има со партнерот Габриел Аубри.
Според објавите на порталот ТМЗ, актерката била загрижена поради утринските мачнини и вишокот килограми.
– Хали и Оливер едвај чекаат да дојде на свет детето – открива нивен близок пријател за “Е-магазин”.
Хали и Оливер се свршија во 2010 година./В.Р