И Бред Пит прозборе за операцијата на Џоли

Објавено на 15 мај, 2013 во 09:50

Бред Пит целосно ја поддржа Анџелина Џоли во намерата да ја отстрани двете гради, зашто е носителка на генот “BRCA1” .

Пред операцијата, која ја направила во февруари годинава ризикот Џоли да заболи од рак на градите бил 87 проценти.

Откако актерката ја обелодени веста за двојната мастектомија, прозборе и Бред Пит. Со ова тој и јавно и даде поддршка на сопругата.

– Од прва рака сведочев на оваа одлука. Сметам дека одлуката на Енџи, како и на сите други жени како неа, апсолутно е херојска. Му благодарам на нашиот медицински тим на нивната нега и внимание. Се што сакам за неа е да има долг и здрав живот со мене и со нашите деца. Ова е среќен ден за семејството, рече Бред Пит.

Анџелина шокантната вест ја изнесе во својата колумна за “Њујрок Тајмс”. Искрено прозборе за нејзината здравствена состојба и за преголемиот ризик да се разболи од рак, заради што морала да направи неколку оперативни зафати во последните неколку месеци, вклучувајќи и постапката во која и се извадени двете гради./В.Р

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.