Вечерва: Есма и Влатко на големата сцена во Малме

Објавено на 16 мај, 2013 во 12:44

Евровизиската еуфорија започнува со самите подготовки за големиот спектакл, но кога станува збор за еуфоријата кај македонските граѓани, таа го достигнува врвот кога македонските претставници треба да настапат.

Вечерва, со реден број три, македонските претставници Есма и Влатко ќе ја изведат „Пред да се раздени“ во живо, на втората полуфинална вечер, на големиот европски спектакл наречен Евровизија.

Седумнаесет земји вечерва ќе се борат за билет во финалето кое ќе се одржи во сабота. Дали Македонија ќе биде единствената земја од поранешните Југословенски земји во финале останува да видиме.

Почитувани читатели од дијаспората, ве повикуваме својот глас да го дадете за Есма и Влатко, за Македонија./В.Р

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=ppvjjaAA4TI&feature=player_embedded{/youtube}

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.