По што ќе го паметиме Робин Вилјамс

Објавено на 12 август, 2014 во 08:16

Робин беше сакан и почитуван од фановите, колегите за мулти актерскиот талентот кој го поседуваше а кој се протегаше низ повеќе жанрови и медиуми. Од комедии, трилери, драми и анимирани играни филмови, пренесени на големото платно, театарските штици и телевизијата.

Тој го освои единствениот Оскар за споредната улога во драмата на Гас ван Сант, Good Will Hunting, по неговиот четврт обид, а само минатата година по пауза од 31 година се врати на малите екрани со серијата The Crazy Ones. Детали околу погребот и меморијалната служба за сега не се познати, но од филмовите ќе го паметиме Робин Вилијамс.

„Робин Вилијамс беше авијатичар, доктор, гениј, дадилка, претседател, професор, Петар Пан, и се’ останато. Но, тој беше уникатен. Тој дојде во нашите животи како странец, а заврши допирајќи го секој елемент од човековиот дух. Тој не насмеа. Тој не расплача. Тој го даваше својот неизмерен талент слободно и великодушно на оние на кои најмногу им требаше – од нашите трупи стационирани во странство до маргинализираните на нашите улици“, забележа американскиот претседател Барак Обама во изјавата по повод смртта на Вилијамс.

Изјава даде и режисерот Стивен Спилберг, оценувајќи го Вилијамс како гение на комедијата: „Тој беше другар и не можам да поверувам дека замина“.

Шокираност од смртта на Вилијамс изнесе и неговиот колега Стив Мартин, кој го опиша актерот како многу „човечен, огромен талент, добар актерски партнер и вистинска душа“.

Крис Колумбус, режисерот на филмовите „Госпоѓа Даутфаер“ и „Двестогодишник“, во кои играше Вилијамс, рече дека е „загубен еден од најинспиративните умови, како и еден од најодличните актери во неговата генерација“. Тој додаде дека „да се гледа Вилијамс е магична и специјална привилегија“. „Тој буквално беше еден од малкуте луѓе кои ја заслужија титулата гение“, додаде режисерот.

Три номинации за главна, но Оскар за споредна улога

Робин Вилијамс е роден на 21 јули 1951. Тој како актер го позајмуваше својот глас во многу познати цртани филмови, а е познат и како стендап комичар.

Славата ја стекна со улогата на вонземјанецот Морк во телевизиската серија „Морк и Минди“. Неговата филмска кариера ги вклучува добро прочуените филмовите: „Добро утро, Виетнам“, „Друштвото на мртвите поети“, „Будења“, „Кралот на рибарите“ и „Добриот Вил Хантинг“, како и финансиски успешните „Попај“, „Кука“, „Аладин“, „Госпоѓа Даутфаер“, „Џуманџи“, „Кафез“, „Ноќ во музејот“ и „Среќни стапала“.

Иако беше номиниран три пати за Оскар за најдобар глумец, Вилијамс доби оскар за најдобар спореден глумец во „Добриот Вил Хантинг“ во 1997 година. Исто така доби две награди „Еми“, четири „Златни глобуси“ и пет награди „Греми“ .

Имаше три брака зад себе, и три деца со првите две сопруги.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.