Паркирањето под сенка е поскапо во Хрватска

Објавено на 13 август, 2014 во 13:38

Жителите во приморските места во Хрватска нашле добар начин да заработат со изнајмување на слободните површини во дворовите за паркирање на странските гости.

Цената на паркирање зависи од местото, а за паркирање во сенка се наплатува поскапо.

Според овој ценовник, паркирање покрај магистралата во помалите места од Сплит до Омиш, на паркинг место во сенка се наплаќа за 20 куни (2,62 евра), а на сонце двапати помалку или 10 куни (1,31 евро).

Највисока цена за паркирање важи во Дубровник, каде покрај западниот влез во стариот град за еден автомобил се плаќа 40 куни (5,24 евра).

Странските гости реагираат на високите цени за паркирање во Хрватска. Една туристка за локалните медиуми изјавила дека за два часа паркирање на Корчула платила 6,50 евра.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.