Што треба да направите кога Ви е топло

Објавено на 14 август, 2014 во 06:58

Во текот на летото и неподносливите горештини, обидете се домот да го зачувате што потемен, заштитен од сончевите зраци.

Никако не отворајте прозорци додека сонцето не зајде. Навечер, отворете ги ширум вратите и прозорците, а струењето на воздухот подобрете го со вентилатор. Дури и ако имате клима, вентилаторот побрзо ќе ви помогне студениот воздух подобро да се распореди низ домот. Ако немате клима – импровизирајте така што пред вентилаторот ќе ставите сад со мраз или студена вода кој ќе го забрза ладењето.

Најдобро место за поставување на вентилаторот е покрај најголемиот и најслободен ѕид во собата. Домашните апарати, дури и во мирување испуштаат топлина, па затоа исклучете ги од струја. Во текот на топлите денови избегнувајте го непотребното греење на воздухот со запалени светла, а избегнувајте и да ја користите рерната.

Уживајте во свежото овошје, зеленчукот и сладоледите. Ако ставите тенда пред прозорците, температурата на терасата и во домот ќе се намали за барем 5 степени. За затемнување на собите најдобро е да поставите ролетни или бели венецијанери – светлото полесно се дозира, а белата боја дополнително ја одбива топлината.

Големи грејачи се сите монитори и телевизори во домот, па најпаметно би било и нив да ги исклучите во струја доколку не ги користите. Користете и ленени чаршафи кои се двојно постудени од памучните.

Добра опција се и свилените прекривки кои и овозможуваат на кожата полесно да дише.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.