Најголемите прељубници во Европа
Според резултатите од студијата направена од Ifop, Французите и Италијанците се шампиони кога станува збор за неверството кон своите сопруги. Анкетата била спроведена во 6 земји, а одлично се совпаѓа со „разиграниот“ карактер на Французите и клишето што владее за Италијанците како страсни латино љубовници.
Околу 55 отсто од испитаниците од Франција и Италија имаат признаено дека ги изневериле своите партнерки. Во доминантно протестантските земји како што се Велика Британија и Германија процентот на мажи-прељубници е значително намален, покажува анкетата спроведена во Франција, Италија, Велика Британија, Шпанија, Белгија и Германија.
Кога станува збор за жените, најголем процент од нив се неверни во Германија, каде 43 отсто од нив имале љубовна афера, потоа Италија 34 отсто, додека во Франција 32 отсто признале дека ги изневериле своите партнери.
„Претседателите Франсоа Оланд и Силвио Берлускони кои се меѓународно познати по своите љубовни афери најдобро ги претставуваат своите држави кога станува збор за оваа тема“, изјави Франсоа Краус, директор на Ifop.
Французите најмногу дале позитивни одговори на прашањето дали во иднина би ја изневериле сопругата, дури 35 отсто од нив тоа би го сториле доколку би биле сигурни дека никој нема да дознае за неверството. Во истражувањето учествувале 4.800 испитаници постари од 18 години.
