Еден од најдобрите ресторани во светот
Шпанскиот ресторан „El Celler de Can Roca“ во Гирона, во североисточна Шпанија, е еден од досега прогласените најдобри ресторани на светот.
„Откако две години беше втор на листата на најдобрите, ја замени водечката позиција со данскиот ресторан ’Noma’ кој ја предводеше листата три години“, објавија организаторите на овој избор, односно специјализираниот магазин Restaurant.
Титулата најдобар ресторан на светот „Noma’ во данската престолнина Копнехаген ја загуби по незгодниот инцидент кога 63 гости се затруја со храна.
Ресторанот „Noma”, кој во изборот на реномираниот магазин „Restaurant” е прогласен за најдобар ресторан на светот за 2010 и 2011 година, издаде по тој повод официјално извинување. Се претпоставува дека за тоа е одговорен за заболен вработен во ресторанот. Ресторанот е отворен во 2004 година, а познат е по детално аранжираната храна и употребата на свежи продукти, а главниот готвач Рене Реџепи, по потекло од Македонија, го опишуваат како „носител на Новото нордиско движење”. Просечна вечера во ресторанот „Noma” без пијалак чини 260 американски долари, а маса мора да се резервира со месеци однапред.
Ресторанот „ El Celler de Can Roca “ кој има три Мишлен ѕвездички, го водат тројца браќа при што Жоан е задолжен за кујната, Жорди е слаткар а Жозеп е главен сомелие.
„Награден е за глобална мешавина на каталонската кујна, користењето напредни техники и за извонредното гостопримство“, ја појаснува својата одлука уредништвото на британскиот магазин. На третото место е авангардниот „Osteria Francescana“ на сопственикот Масимо Ботура во Моедена во северна Италија. Со шест реномирани ресторани меѓу првите 50, Франција е најзастапената земја на листата најдобри ресторани во светот, иако првиот француски ресторан на листата „L`Arpеge“ во Париз го зазема дури 16-то место.
Листата произлегува како резултат од гласањето на повеќе од 900 готвачи критичари и гурмани од целиот свет.
