Седум основни правила за кавга со жена
Колку пати сте пробале да излезете како победник од кавгата со вашата девојка или сопруга? Колку пати сте се почувствувале виновен дури и кога не сте? Од сложениот систем наречен „женски мозок“, не знаете кога ќе произлезе некоја кавга.
Сите вие што сте од Марс, имајте ги предвид овие 7 основни правила за кавга со оние од Венера.
1. Не трудете се да ја надзборувате – Едноставно нема да ви успее. Таа ќе има противаргумент на секој ваш аргумент и има капацитет да зборува повеќе, побрзо и погласно од вас.
2. Согласете се со неа – Жената, како и купувачот, е секогаш во право. Секој ваш обид да го докажете спротивното би било залудно губење време.
3. Не исчезнувајте – Не обидувајте се да избегате. Ако си заминете сред кавга, додека таа зборува, црно ви се пишува кога нареден пат ќе се појавите.
4. Читајте меѓу редови – Никогаш не сфаќајте ја буквално. Ние жените зборуваме со шифри и кодови. Ако ви рече дека е во ред, не е, ако рече дека ѝ е сеедно, во никој случај не е така, а ако ви рече слободно да правите што сакате, немој ни да сте помислиле да направите нешто по сопствен избор.
5. Нејзините непријатели се и ваши непријатели – Мил ви е животот? Тогаш не трудете се да ги одбраните фризерката со која имала кавга или месарот кој ја изнервирал.
6. Внимавајте на забранетите изрази – Не трудете се да ѝ го одвлечете вниманието со спомнување на домашните обврски кои треба да ги изврши, да ја „презакажете“ кавгата бидејќи почнува фудбал, да свртите на шега кажувајќи виц, да правите гласни претпоставки дека е нервозна бидејќи дошол тој период од месецот, или да пробате започнување муабет кој според вас би водел до секс. Секако, никогаш не ѝ предлагајте да „олади“ и да се смири, бидејќи ефектот обично е спротивен.
7. Помирете се со фактот дека никогаш нема да го имате последниот збор –Жената ќе ја започне кавгата и ќе ја заврши кога сака. После секој ваш „последен“ збор, ќе следува уште еден нејзин. Колку побрзо го сфатите тоа, толку подобро за вас.
