Најдобар и најздрав начин за почеток на денот !
Според најновите истражувања, сексот во 7:30 наутро е најдобар, а и најздрав начин за почеток на денот. Имено нивото на хормонот за стрес опаѓа околу 7:22 часот, а во 7:30 телото почнува да лачи големи колични на сексуални хормони и адреналин за да може лицето подобро да се разбуди.
“И двајцата ќе бидете одморени и засилено чувствителни. Вашето тело реагира подобро на секс за време на будењето.”, изјавила Сузи Хејман, сексуална терапевтка. Во прилогот на ова тврдење доаѓа и италијанското истражување кое потврдило дека во тој период паровите најдобро постигнуваат оргазам и најлесно се зачнува дете.
Британското истражување пак заклучило дека најдобар ден за секс е четврток затоа што нивото на кортизолот, хормонот кој го поттикнува создавањето на секс хормонот, тогаш е на врвот.
Затоа навијте го будилникот во четврток во 7:30 часот наутро за да можете денот да го започнете активно.
