Совети од експерти: Како полесно да учите

Објавено на 4 октомври, 2014 во 07:34

Не ви оди баш добро учењето? Постојано се прашувате како полесно да учите? Како да се сконцентрирате? Како да научите?

Секој студент сака да положи и добро да му одат студиите, но за некој материјалот е полесен, а за друг потежок. Затоа ви нудиме неколку корисни совети кои ќе ви помогнат побрзо и полесно да го научите материјалот. 
Најпрво, потребна ви е просторија која ќе биде добро осветлена. Немојте да учите на кревет, бидејќи за брзо време ќе заспиете. Учете на работната маса, а книгите распоредете ги на масата за да ви биде се попрегледно. Кога поминувате од една глава на друга, направете пауза од 10 до 15 минути, а ако ве мрзи да учите тој ден, тогаш најдобро е да правите нешто друго. Подоцна вратете се дома и обидете се повторно со учење.

Прво учете го потешкиот материјал, а потоа полесниот. Немојте да ги учите напамет лекциите, бидејќи така научениот материјал нема никаква цел и брзо ќе го заборавите. Важно е материјалот да го учите веднаш откако ќе ги проследите предавањата. Најдобро е да се прочита прво целиот материјал, а потоа да се подели на делови. Деловите читајте ги посебно и подвлечете го она што е најважно. Обидете се да си поставите прашања кои би можеле да ви паднат на колоквиум или на испит.

Ако добро го распоредите вашето време, ќе имате време и за забава и за дружење, па нема по цел ден да седите над книгата. Кога ќе го положите испитот наградете се самите себеси со нешто што навистина го сакате.

Некои психолошки фактори кои се важни за учењето
Мотивација: дали си навистина заинтересиран за материјалот?
Концентрација: дали си фокусиран, концентриран. Дали во околината има нешто што ти го одвлекува вниманието – телефон, луѓе, компјутер?
Реакција: дали размислуваш за тоа што читаш? Можеби уморот му пречи на твоите напори за учење.

Организација: дали гледаш која е општата тема која ги поврзува сите делови на материјалот? Дали можеш да ги поврзиш информациите меѓусебно или сеуште не можеш да ја видеш поголемата слика?
Разбирање: дали го разбираш материјалот или си збунет поради некои информации?

10 начини како да ја зголемиш брзината на концентрацијата

1. Започни го учењето со интерес и со позитивен став кон материјалот.
2. Одреди место кое ќе ти служи за учење. Погрижи се тоа добро да биде осветлено.
3. Идентификувај што ти го попречува учењето и што ти го привлекува вниманието. 
4. Погрижи се да ја намалиш вревата околу себе додека учиш. Ако ти е потребна музика во позадина тоа нека биде лесна и тивка.
5. Користи техники на активно учење: учи на маса – седни исправено на столицата, започни го материјалот со прашања, подвлечи ги насловите, повлечи ги клучните зборови после читањето на деловите на текстот, фаќај белешки. 
6. Подели го материјалот во помали делови кои ќе можеш да ги научиш за пократко време. Присили се да завршиш еден дел и продолжи со следниот.
7. Користи го периодот кога си најсвеж и кога концентрацијата ти е на највисоко ниво. Кога си уморен и гладен, твојата концентрација е ослабена.
8. Кога мислите ќе ти одлетаат, одреди еден збор којшто ќе си го кажеш самиот себеси, а кој ќе ти биде мотивација повторно да се сконцентрираш на учењето.
9. Направи пауза кога ќе завршиш една или повеќе задачи, или кога ќе почувствуваш дека концентрацијата се намалила. Паузата треба да трае отприлика 10 до 15 минути.
10. Ако имаш други задачи или обврски кои ти се мотаат низ глава, запиши ги на хартија и одреди кога ќе ги извршиш.

Помнење – две идеи како да го подобрете помнењето

1. На мали парчиња хартија (3 х 5 cm) или картон запиши ги прашањата кои ги извлече од материјалот, а кој мораш да ги научиш. Запиши ги прашањата на хартија. На задната страна запиши го одговорот на прашањето. Додека чекаш автобус или убиваш време не правејќи ништо, извлечи ги картончињата и обиди се да одговориш на прашањата. Можеш да замолиш некој твој близок да ти ги прочита прашањата, а ти да одговараш. Ако си го заборавил одговорот, погледни од другата страна и обиди се повторно.
2. Повторувањето е клучно за помнењето. Извлечи го она што треба да го научиш и читај го гласно неколку пати секој ден. Тоа е сличен начин на кој ги помниме зборовите од омилените песни. Освен повторувањето, во тоа ни помага и римата или некоја замислена слика која ја поврзуваме со некои делови од текстот.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.