Каков е идеалниот маж ?
Група од 50 жени на возраст од 20 до 35 години го избрала својот идеален маж.
Лекарите, банкарите и адвокатите не се популарни поради отсутноста од домот и прекувремените работни часови. Затоа преферираат професори, кои имаат долги годишни одмори и помалку работни часови, велат во истражувањето. Според тој критериум, господинот Вистински е висок 185 сантиметри, има кафеава коса и кафени очи, професор е, има 31 година и заработува за пристоен живот. Всушност, ваков маж е добар материјал за сопруг.
Кариерата и приходите се на второ место од листата на приоритети, нормално, веднаш после физичкиот изглед. Некои испитанички рекле дека, колку и да звучи сурово, кога жената бара сопруг, мора да размислува за тоа колку тој ќе може да обезбедува за децата.
Претставник од порталот NetVoucherCodes вели дека секоја жена има визија за тоа како нејзиниот иден сопруг треба да изгледа, но во потрагата по љубов таа визија не мора да биде од помош.
„Колку повеќе критериуми жените поставуваат, толку ќе им биде потешко да најдат совршен маж. Би требало да имате некои очекувања и да знаете што сакате, но господинот Вистински може да биде личноста која најмалку сте ја очекувале“.
