Жените сакаат повисоки мажи
Жените преферираат повисоки мажи затоа што со нив се чувствуваат заштитено и женствено, се вели во заедничко истражување на Rice University и University of North Texas, кое потврдува дека висината е важна за жените, но не и за мажите.
Слаткото лице и складната фигура се пресудни во проценката на физичкиот изглед кај жените, барем кога се во прашање мажите. Сепак, повеќето жени тврдат дека во проценката на партнерот неговата висина била поважна од другите два фактора.
„Како девојка, сакам истовремено да се чувствувам и деликатно и сигурно. Понекогаш чудно ми е само да помислам да гледам надолу за да го видам партнерот в очи. Вреди да се спомене и тоа дека можеш да носиш обувки со високи потпетици и сепак да бидеш пониска. Исто така, сакам да можам да го прегрнам саканиот, испружувајќи ги рацете нагоре и поставувајќи ги околу неговиот врат“ – изјавила една од учесничките во истражувањето.
„Теоријата на еволуциската психологија ни кажува дека на луѓето им се допаѓаат партнери кои им се слични, но изгледа дека тоа не е доминантно правило во поглед на висината, посебно кај жените“, изјави Мајкл Емерсон, еден од водачите на истражување поврзано со висината на мажите и нивната привлечноста во однос на тој фактор.
Според досегашни истражувања, високите мажи со низок, длабок глас се најпривлечни за жените.
Кај мажите ова не е случај и не се оптеретуваат многу со висината на поубавата половина.
„Преференцијата на жените поврзани со висината се резултат на социјалните очекувања и стереотипи. Така, висината е симбол за сила и заштита, а се очекува дека тоа е машката улога во односот. Исто така, во врската во која жената е повисока мажот изгледа потчинето“, заклучи професорот по социологија Џорџ Јанси.
